Од утре учениците и студентите ќе го продолжат своето образование преку далечинско учење.
Владата и Министерството за образование ја одобри првата национална платформата за далечинско учење. Веќе се пријавени повеќе од 600 наставници кои ќе ги снимат методските единици за сите премети. Оваа платформа, www.eduin.gov.mk, ќе биде во употреба од утре, изјави денеска министерот за образование Арбер Адеми.
Министерот информираше дека досега наставниците испратиле над 1000 идеи за лекциите, а подготвени се 400-тини. Лекциите нема да се повторуваат, за една тема ќе има една лекција. Платформата се надополнува секојдневно, и министерот замоли за трпение.