Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на полицискиот час. Ова вечерва на прес конференција го соопшти и техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Тоа значи дека веќе од утре нема да има рестрикции на движењето, односно нема да важи полицискиот час. Од четврток со работа почнуваат и угостителските објекти со прецизно утврден соодветен протокол за нивна работа во отворените делови, односно терасите на истите објекти.
Од 1 јуни, пак, на работа се враќаат сите што работеа од дома. Ова не важи за хронично болните и родителите на деца до 10 години, до почеток на работа на градинките.
Се укинува и карантинот за вратените македонски граѓани кои се враќаат со „хуманитарните“ летови, со прикажан негативен тест и самоизолација.