Глумицата од филмот на Дизни „Queen of Katwe“ Никита Перл Валигва, почина на 15 години, пишува BBC.
Туморот на мозокот ѝ бил дијагностициран уште во 2016 година, а режисерката на филмот ги мотивирала луѓето да донираат сретства за нејзиното лечење во Индија, со оглед на тоа дека лекарите во Уганда не ја имале соодветната опрема. Туморот се повлекол во 2017 година, но се вратил минатата година.
Инаку, филмот „Queen of Katwe“ снимен е според вистинската приказна за Фиона Мутеси, шахистка од Уганда, која и покрај сиромаштвото и недостатокот на образование, се натпреварувала во меѓународните турнири.