Поради драстичниот пад на новозаразени од коронавирус, во текот на денешниов ден се очекува да се расправа за укинување на полицискиот час, но и дополнително олабавување на мерките за заштита од ковид 19 дознава Centar.mk.
Со оглед на падот на бројот на новозаразени и со оглед на тоа дека дневно се бележат 3 проценти на заразени во однос на тестирани, се очекува да биде предложено укинување на полицискиот час, кој сега трае од 00 до 4 часот по полноќ.