Навивачката која привлече најголемо внимание на овогодишното Светско првенство во Катар, секако е Ивана Кнол.
Претходниот месец таа беше една од главните теми ширум светот, а сега снимила видео каде зборува за сè – од искуството во Доха, пластична хирургија, па сè до омилената храна.
Ивана вели дека не добила никакви казни за облекувањето на Светското првенство во Катар и дека сите биле многу љубезни кон неа.
„Немав никакви проблеми. Сè беше дозволено. Многу луѓе ми пријдоа и сакаа да се сликаат со мене. Не бев уапсена. Не морав да го напуштам стадионот. Снимката на која зборувам со чуварот беше пресечена. Пред секој натпревар, фотографите ме фотографираа. Тој пат останав малку подолго. Чуварот дојде само да ми каже дека е време да одам на своето место. Никој не сакаше да ме избрка од стадионот“, рекла таа.
Ивана има дури три милиони следбеници на Инстаграм.„Не ми се верува дека толку многу луѓе ме следат. Ви благодарам на сите за поддршката. Според мене, ова е најдоброто СП, го надмина она во Бразил и Русија“, признава Кнол.
Таа исто така го најавила своето доаѓање на следното Светско првенство во 2026 година. Вели дека нејзин омилен фудбалер е Лука Модриќ, а го пофалила и Килијан Мбапе – се израдувала на бронзата што ја освоија Огнените, но и дека сакала да освојат злато.
Кнол зборувала и за нејзината омилена храна. Сака јагнешко, но и пица и бурек.
Фановите ја прашале „кога пристигнуваат нови силикони?“.
„Имам само силиконска маска за мобилниот телефон. Не знам за што зборувате“, рекла таа.
Имало и прашања за нејзиниот љубовен статус, а таа одговорила:
„Не сум во брак! Сè уште сум премлада за да се венчам“.