Тапанарот на групата култната група Р.Е.М, Бил Рифлин почина од рак на 59 години, пренесува „Ролинг стоун“.
Тажната вест за смртта на Фејсбук ја потврди Роберт Фрип, првиот човек во групата „Кинг Кримсон“, чиј член беше Били по распадот на Р.Е.М.
„Со голема тага ве информираме за смртта на нашиот драг пријател и тапанар Бил.“
Рифлин својата кариера ја оствари како тапанар во разни бендови како што се Ministry, The Revolting Cocks, Lard, KMFDM, Pigface, Swans, Chris Connelly и Nine Inch Nails.
Во Р.Е.М. дојде во 2003 година и свиреше сè до распадот на групата во 2011 година, снимајќи ги албумите „Around the Sun“, „Accelerate“ и „Collapse Into Now“.