Холивудскиот актер Питер Фонда почина на 79 години од рак на бели дробови во неговиот дом во Лос Анџелес, соопшти неговото семејство. Фонда беше косценарист, продуцент и глумеше во класикот од 1969 „Голи в седло“ со Џек Николсон и Денис Хупер, кој и го режираше филмот. Питер беше син на Хенри Фонда и помлад брат на Џејн Фонда. Негова ќерка е актерката Бриџет Фонда.
„Со длабока тага ги споделуваме вестите дека почина Питер Фонда. Во еден од најтажните моменти од нашите животи, не можеме да најдеме соодветни зборови за да ја искажеме болката во нашите срца. Додека тагуваме, бараме да ја почитувате нашата приватност. И додека жалиме за загубата на овој добар и милостив човек, ние исто така посакуваме сите да го прослават неговиот непоколеблив дух и љубов кон животот.Во чест на Питер, ве молам кренете чаша за слободата,“ се вели во пораката од семејството.
Питер беше номиниран за Оскар за најдобар актер за драмата „Злато на Ули“ во 1997 година и доби Златен глобус за филмот.
Фонда починал во 11.05 часот по локално време, во петокот.