Регионот е во шок и неверување по веста за смртта на фронтменот на Парни Ваљак, Аки Ракимовски. Причината за
Од приватниот живот на Ракимовски се знае дека е роден на 5 мај, 1955 години во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.
Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна браќа” и “Тор” .Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни ваљак”.
Двапати се венчал, а од првиот брак го има синот Кристијан, исто така познат музичар. Вториот брак, со таинствената Ингрид, траел 14 години и до пред неколку години се пишуваше дека се среќни заедно. Тие ја имаат ќерката Дина.
Интересно е што Аки во 2020 години доби ќерка со 27 години помладата Словенка Барбара Весел (37) на која и го дадоа името Антонија.
Пред четири години доживеа мозочен удар што беше причина да ги одложи своите настапи.
Неговиот последен настап во Македонија беше лани на седми јули, кога одржа концерт на ракометното игралиште во Битола.