“ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА, МОИТЕ РОДИТЕЛИ СУМ ГИ ВИДЕЛА САМО ДВА ПАТИ“ : Емотивна приказна на портпаролката на СДСМ, Кузеска

by Тони Зографски

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска која на крајот на октомври беше позитивна на коронавирусот, вчера на својот Фејсбук профил зборуваше за куќната слава Свети Никола, а низ раскажувањата за славата откри и семејна приказна.

“Вечерва моите родители ја празнуваат славата Св. Никола. Св. Никола е и наша куќна слава и ја славиме утре. Секако годинава и моите родители и ние ќе го одбележиме денот само со членовите на семејството со кои живееме. Од почетокот на пандемијата, моите родители сум ги видела само два пати, или да кажам дека дедото и бабата на моите деца, само два пати во скоро цела година си ги виделе внучињата.

Дали ни е тешко? Секако дека да, но поинаку не смее да биде.

Не смееме да го ризикуваме здравјето на другите, на најблиските, посебно повозрасните.

Славите и сите празници ќе ги прославуваме и наредните години, но годинава мора да бидеме трпеливи, пред се одговорни и совесни.

Сведоци сме дека вирусот си го наоѓа својот пат, но важно е ние сите да направиме се` што е до нас.

Да бидеме далечни денес за да бидеме блиску и да се прегрнеме утре“ напиша Кузеска на својот Фејсбук профил.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com