Од денеска ново намалување на цените на горивата. Бензините се намалуваат за 2 денари, а дизелот за денар и пол. Бензинот 95 ќе биде 84,5 денари, бензинот 98 – 86,5 и дизелот 86,5 денари, вели за Студио 10 Марко Бислимовски.
– Ние не можеме да влијаеме на крајните цени и не зависи од нас. Сега игра улога дизелот и бензинот кои пагаат на светските берзи, но улога има паѓањето на курсот на доларот.