Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука горивата од вечерва на полноќ да се продаваат по поскапи цени.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.08.2023 година.
Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе изнесува 88,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 86,5 денари по литар.
Цената ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 81 денар.
За 1,5 денари се зголемува и цената на екстра лесното масло и ќе се продава за 80,5 денари по литар. За 0,8 денари посакапува и мазутот и неговата нова цена ќе биде 46,6 денари.