Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92% во однос на одлуката од 13.2.2023 година.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,065 ден/кг и сега ќе изнесува 42,262 ден/кг. д 21.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар); ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар); о ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС 42,262 (денари/килограм).