Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денар за литар, а цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,9 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 82,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денара и ќе се продава за 80,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,064 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 51,599 денари.