Дипломираната студентка по стоматологија во Солун е на долгата листа на исчезнати по сударот на два воза во Грција.
Анастасија Адамиду (24) од Кипар била во третиот вагон од патничкиот воз кој синоќа нешто пред полноќ се судри со товарен воз во Темпа кај Лариса.
Медиумите пренесуваат дека од ноќеска не се јавила никому.
Држејќи фотографија од младата Анастасија пред болницата во Лариса, таткото на нејзиното момче ги моли сите што имаат некаква информација за неа веднаш да се јават во полиција.
„Секој кој бил со неа и знае нешто, веднаш нека ги извести надлежните“, им рекол таткото на нејзиното момче на новинарите.
Анастасија е од Пафос на Кипар и од сударот не контактирала со родителите, кои биле на пат кон Лариса.