Професорката од универзитетот во Манчестер, Шина Крукшанк објасни дека нивото на воспаление во телото може да „процени“ дали заразено лице ќе умре.
-Иако зависи од многу фактори како вирусот ќе влијае на некого, вклучувајќи го и здравствениот систем, изложеноста на загадување и слично, јасно е дека кај некои луѓе реакцијата на имунолошкиот систем, односно воспалението, објаснува зошто тие имаат сериозни симптоми, – вели таа.
Кај многу пациенти, постои големо оштетување на белите дробови како резултат на ковид-19, сето тоа како резултат на премногу силна реакција на имунолошкиот систем, поради што се создаваат многу цитокини во организмот.
-Цитокините можат да бидат многу моќна алатка во имунолошкиот систем – тие можат да спречат да се размножува вирусот. Сепак, некои реакции на цитокини – како што се ангажирање други клетки на имунолошкиот систем или зголемување на нивната способност да се движат низ крвните садови – прават голема штета ако не се контролирани. Ова е токму она што се случува ако има „цитокинска бура“ во телото “.
Студиите исто така покажаа дека повеќе цитокини се произведуваат во телото на луѓе со дијабетес и кај лица со голема тежина, како резултат на зголемено ниво на гликоза во организмот. Истиот проблем се јавува кај некои постари лица затоа што е познато дека нивото на воспаление во организмот се зголемува со возраста.
“Исто така, некои постари луѓе имаат помалку лимфоцити, клетки кои таргетираат и уништуваат вируси. Ова значи дека кај некои луѓе не само што имунолошкиот систем не е во состојба да се одбрани од инфекција, туку постои и поголема шанса реакцијата на имунолошкиот систем да биде штетна за организмот”.