Флора Перез Маркоте денес е во Шпанија и ја води компанијата „Zara“ и важи за една од најуспешните жени во светот на модната индустрија.
Меѓутоа, патот со помош на кој таа стигнала до самиот врв во модната индустрија не бил толку гламурозен.
Имено, Флора на почеток работела во фабрика за текстил како кројачка, но со текот на годините успеала да се искачи на водечката позиција во „Inditex“ групата чиј основач Аманисио Ортега, за кој на крај Флора се венчала.
Аманисио во 1975 година ја отворил својата прва продавница која подоцна се развила во светски познатиот моден бренд „Zara“. Неговата компанија „Inditex“ е сопственик на повеќе модни брендови.
Во текот на работата во фабрика таа го запознала Аманисио којшто бил во брак со Росалија со која има две деца, синот Маркос и ќерката Сандра. Росалија својот живот го посветила на семејството и децата, особено на синот Маркос којшто боледувал од церебрална парализа. Росалија и Аманисио заедно го започнале тоа што денес е познато како вистинска модна империја во Шпанија.
Флора била вработена во нивната компанија, а средбата со Аманисио ѝ го сменила животот засекогаш.
Имено, без оглед на тоа што бил во брак тоа не ги спречило Аманисио и Флора да запловат во љубовни односи. Нивната тајна врска била откриена во 1984 година кога Росалија дознала дека нејзиниот сопруг очекува дете со Флора, што на крај резултирало со развод за кој многумина велат дека бил еден од најскапите во историјата на Шпанија.
Имено, Росалија му наплатила на својот сопруг за неверството, па станала една од најбогатите жени во Шпанија. Флора во меѓувреме својот брак го обезбедила, а исто така обезбедила и сигурна иднина за своето семејство.
Освен што успешно ја води „Zara“, Флора денес е и потпретседателка на компанијата „Amancio Ortega“ која се занимава со хуманитарна работа.