Актерка, модел, пејачка, дизајнер… Сето ова може да биде Кјара Гоља, ќерката на познатата водителка Хелена Роза, од бракот со поранешниот сопруг, адвокатот Арбен Гоља.
Кјара која живее во Нов Зеланд дојде во Македонија за да учествува во новиот спот на Фили Пешевски за песната „Без оглед на се“ кој денеска беше промовиран.
Инаку, Кјара Гоља која има 20 години, своите афинитети ги сподели на англиската веб страница starnow.com која служи за промовирање на млади таленти. Таа таботи во онлајн продажната мрежа на “Харви Норман”, фирма од Австралија. Кјара која многу наликува на мајка и, но и на тетка и пејачко искуство имаше на домашната детска Евровизија.