Рене заедно со Симона де Силвестро возеа во 2015 година Форд ФГ Х Фалкон и беа првиот женски тандем после 1998 година кога возеа во истата категорија Мелинда Прајс и Керин Бревер. Но, две години подоцна, Рене доби отказ од тимот, па во 2017 година беше заменета со друга возачка.
Сега, атрактивната Грејс реши да се посвети на порно индустријата, па почна да заработува 3.000 долари неделно, а на својот приватен профил има веќе над 2.800 следбеници кои плаќаат за да ја видат гола и во акција, а тоа ѝ носи и до 25.000 долари неделно.
„Правам многу работи, а луѓето сакаат да видат буквално сè. Им продавам фотографии, а тие ми даваат ѝ башкиш. Со автомобилизмот завршив, не бев доволно добра и продолжив со животот. Потоа продавав автомобили, а неколку мои фанови ми препорачаа да влеам во ‘Онли Фанс’ и така почна мојата кариера. Немам повеќе интерес да се враќам во автомобилизмот. Ова што сега го работам – тоа е тоа“, вели таа.