Почина хористот Игор Пармаковски роден 1970 година во Битола, кој боледуваше од Кронова болест, објави Националната опера и балет.
Битолчанецот кој беше хорист во Македонската опера и балет, на социјалните мрежи бараше донации со цел да се оперира.
Неговата состојба во последниот период беше мошне критична, со оглед дека до пред некој месец тој имаше едвај 39 килограми.