На 45-годишна возраст, како последица од корона вирусот, денес во Скопје почина познатиот актер Луран Ахмети, објави Скопјеинфо.мк
Тој пред неколку денови бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, но не успеал да се избори со болеста.
Луран беше дел од Албанскиот театар во Скопје и учествувал во многу филмски проекти, вклучувајќи го и популарниот филм од турската кинематографија, „Долина на волците“.
Тој зад себе остави богата уметничка кариера, ќерката, сопругата и родителите.