Синот на поранешниот хрватски претседател, Фрањо Туѓман , Мирослав (75) почина од ковид 19.
Туѓман во почетокот на годината бил хоспитализиран поради компликации со вирусот. Хрватските медиумии пишуваа дека прво дишел со помош на кислород, а потоа, бидејќи состојбата не се подобрувала, бил ставен на респиратор.
Мирослав Туѓман е најстар син на Фрањо Туѓман. Беше политички активен кога неговиот татко беше претседател на Хрватска. Беше пратеник и е еден од најистакнатите членови на ХДЗ.
Мирослав Туѓман е роден во 1946 година во Белград.