Во 52 година од животот од коронавирус почина поранешниот градоначалник на Центар Жупа, Мазлум Хасан.
Веста на социјалните мрежи ја потврди градоначалникот на Општина Дебар Хекуран Дука.
-Денес ја примивме тажната вест за смртта на поранешниот градоначалник на ц. Жупа, Мазлум Хасан. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот и Бог да им даде сабур. Го молиме Господ на Мазлум да го награди со Џенет ин ша Алах. – напиша градоначалникот на Дебар Дука.
Хасан беше избран за градоначалник на локалните избори во 2009 година, како кандидат на Демократската партија на Турците, која тогаш беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.