На 85-годишна возраст, од последиците на коронавирусот почина Серџо Роси, основачот на истоимената модна куќа за производство на луксузни чевли, објави градоначалничката на Сан Мауро Пасколи.
Роси неколку дена бил во болница, а починал во четвртокот вечер. Тој донирал 100.000 евра во борба со коронавирусот пред да се разболе.
– Неговата смрт е огромна загуба за нашата заедница – рекла Лусијана Гаргулија, градоначалничка на општината со 47.000 жители.
Инаку, групацијата Гучи во 1999 години купи 70 отсто од марката Серџо Роси за 96 милиони долари, а во 2005 година ги докупи преостанатите 30 отсто. Во 2015 година марката Роси била продадена на групацијата Инвестиндустриал.
https://www.instagram.com/p/B-hwXAClo_z/?utm_source=ig_web_button_share_sheet