Поранешната југословенска атлетичарка и легендарна спортска коментаторка родена во Скопје, Милка Бабовиќ, почина денеска, на 93-годишна возраст, по компликациите предизвикани од ковид-19 со кој се зарази на крајот на октомври.
Бабовиќ почина во Загреб, каде живееше од 1948 година.
Во својата атлетска кариера, Бабовиќ два пати беше светски студентски и балкански првак на 80 метри со пречки, а титулата државен првак ја освојуваше рекордни 17 пати во поранешна Југославија.
Во 1957 година започна долга и успешна кариера во спортското новинарство, станувајќи заштитен знак на телевизиските преноси од уметничко лизгање на просторите на поранешна СФРЈ.