Почина Зорица Постружин еден од најголемите експерти за компјутерски анализи во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИИС.
„Со особена жал Ве информираме дека во услови на оваа пандемија уште една наша колешка не е повеќе меѓу нас. Г-ѓа Зорица Постружин (1942-2021) целиот свој работен век го помина во ИЗИИС од првите денови на неговото основање и даде значаен придонес во делот на компјутерските анализи посебно во припремата на податоци. Нека и е вечна слава“, соопштија од Институтот.