Раководителот на Секторот за вонредни ситуации и помошник на министерот за внатрешни работи на Србија, Предраг Мариќ утринава почина од коронавирус. Неговата здравствена состојба се влошила во последните четири дена, поради што бил реанимиран неколку пати во петокот и саботата. На Мариќ му беше дијагностициран вирусот корона на 28 декември. Иако немал други проблеми освен треска, му била дијагностицирана почетна пневмонија.
Тој беше сместен во КБЦ „Д-р Драгиша Мисовиќ“ на 3 јануари, а на 8 јануари беше интубиран и поврзан со апарати за дишење.
Мариќ беше назначен за раководител на Секторот за вонредни ситуации во 2007 година со одлука на министерот Драган Јожиќ. На истата позиција беше и во времето на Ивица Дачиќ, како и во времето на Небојша Стефановиќ.