Популарната малезиска пејачка Сити Сара Рајсудин почина од последиците од ковид -19 само неколку дена откако роди момче – нејзиното четврто дете.
Сити беше ставена во индуцирана кома во осмиот месец од бременоста поради ниските нивоа на кислород, за да може да се роди нејзиното бебе.
Нејзиниот сопруг во изјава за медиумите рече дека последен пат разговарал со сопругата преку видео повик и дека солзи ѝ течеле по лицето.
– Таа сфати што се обидуваме да ѝ кажеме – рече тој и додаде дека не знае како ќе им ја пренесе оваа вест на своите деца.
Тамошните медиуми претходно пишуваа дека целото семејство било позитивно за ковид-19, и дека биле заразени од лице кое им помагало во домашните работи.