По двонеделна битка со Ковид-19 почина Арбен Костури, познат новинар од Корча, член на Унијата на албански новинари, како и претседател на организацијата „Дисутни Албанија“, соопшти Унијата на новинари на Албанија.
Педесетгодишниот Арбен Костури повеќе од две децении подготвуваше радио и телевизиски програми на ромски јазик и е еден од основачите на Унијата на новинари.
Големи заслуги има во борбата за правата на припадниците на малцинствата, пред се, на ромската и египќанската етничка заедница во Албанија, обезбедувањето и распределбата на хуманитарна и друга помош за нив и училиштата каде нивните деца следат настава.
Тој беше голем обожаветел на кралицата на ромската музика, Есма Реџепова, со што се гордееше, добар пријател на македонската заедница и тесно соработуваше со асоцијациите на Македонците.
Според унијата на новинари, од појавата на пандемијата до сега битката со опасниот вирус ја изгубиле седум новинари, како и сопственикот на Fax News, Касам Хусенбелиу.