На 72. годипна возраст и по долга и тешка болест денеска во Белград почина легендарниот фудбалер на белградски Партизан, Момчило Моца Вукотиќ.
Долго време Вукотиќ се бореше со карцином на грло, а ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери кој воопшто го носел дресот на овој клуб.
Момчило Вукотиќ долго време беше рекордер по бројот на одиграни мечеви за Партизан, се додека не го мина доскорешниот капитен на овој клуб, Саша Илиќ. Во црно-белиот дрес одигра 791 натпревар и постигна 339 голови. Моца еден период го носеше и дресот на француски Бордо. За југословенската фудбалска репрезентација има одиграно 14 натпревари и постигнато четири гола.