Во врска со инцидентот кој се случи денес околу 16 часот, Ист Гејт Мол ја информира јавноста дека согласно утврдените безбедности сценарија и протоколи за работа, трговскиот центар ги обезбеди сите потребни мерки да продолжи нормално со работа.
Согласно информациите со кој располагаме во моментов, се работи за изолиран инцидент и не е поврзан со општата безбедност на посетители во трговскиот центар.
Увидот на надлежните служби веќе е завршен и трговскиот центар продолжува да работи со редовниот режим на работа.
Во трговскиот центар функционираат повеќе системи со кои се осигурува безбедноста на посетителите вклучувајќи и постојано физичко обезбедување и мониторинг и е целосно безбеден за посетителите, соопштуваат од Ист Гејт Мол .