Маж во Москва е снимен како после пријателски разговор со две жени, на едната и пука во главата. Денис Јегоров (42) и вперил пиштол во глава на неидентификувана жена и ја застрелал, оставајќи и крвава рана на челото. Во видеото се гледа дека повредената жена е во шок, а другата стои запрепастено до неа.
Ранетата жена била префрлена во болница. Лекарите велат дека коската и останала нечепната, но ткивото и било многу оштетено и дека опоравувањето ќе трае долго.
Истрагата за случајот е во тек, а локалните медиуми пренесуваат дека Јегоров користел стартлинг пиштол. Иако овие пиштоли користат ќорци, можат да нанесат сериозни повреди, особено ако се пука од блиски, како то било во случајов.
Не се знае мотивот за пукањето, иако се чини дека станува збор за невкусна шега. На снимката делува како да се смее кога ја застрелал жената.
Другата жена која му ја скршила раката, за локалните медиуми изјавила дека тројцата зборувале и се смееле кога ја застрелал со пиштол, ја прашал дали се плаши и го притиснал шкрапалото.