Простигнаа 12 респиратори и 5 000 маски М95 како донација од ЕУ. Овие 12 респиратори се дел од вкупната помош од 20 респиратори.
– Многу беше тешко да се набават респираторните машини со оглед на тоа дека многу земји забранија извоз на медицински материјали – рече министерот за здравство Венко Филипче на вчерашниот прес и му се заблагодари на европамбасадорот Жбогар.
Во Дебар е стабилна состојбата подолго време. Има само три активни случаи. Денеска нема регистрирани новозаболени во Дебар.
– Ова е одлична вест за спроведување на скринингот. Таму се испратени тестови и се очекува да се почне со скринингот, кој ќе се спроведува на неколку категории граѓани, рече Филипче.