Младиот човек кој во саботата падна од бедемот на Петроварадинската тврдина и почина на лице место е идентификуван како Лазар Ѓ. (30) од Параќин, додека Стефан Љ. (30) е повреден и, како што објавија српските медиуми, тој е во тешка состојба, но моментално е стабилен.
Во досегашната истрага било утврдено дека била организирана ергенска забава. Едно од момчињата сакало да се фотографира или да направи селфи на бедемот на тврдината, изгубило рамнотежа, механички се фатило за момчето до него, го повлекло и заедно паднале од тврдината.
„Беа пријатели од рано детство, први соседи. Тоа што се случи е страшно“, вели братучед на Стефан Љ., момчето кое се повреди при пад од познатата Петроварадинска тврдина во Нови Сад. Како што дознава „Блиц“, тој е во тешка состојба, но моментално е стабилен. Неговиот другар, Лазар Ѓ., за жал, го загуби животот.
Тешко повредениот Стефан е оженет и има мало дете.
„Стефан ми е роднина, но го познавам и Лазар. Тие се добри луѓе, никој нема лош збор за нив. Тоа што се случи е страшно. Се знаат од детство, пораснаа во исто маало во Плана кај Параќин. Заедно одеа и во основно училиште“, видно вознемирен сведочи братучедот на Стефан.
Според последните сознанија, Стефан и Лазар биле на организирана ергенска забава. Едниот од нив сакал да се фотографира на работ од тврдината, но изгубил рамнотежа, механички го повлекол и тој до него и заедно паднале во провалија.
Сѐ уште се истражуваат сите околности за случајот со трагични последици