Минатата недела се случи хорор инцидент пред палатата Кенсингтон, каде живеат принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, војводата и војвотката од Кембриџ.
Од езерото пред палатата беше извлечено тело, а „Дејли меил“ пишува дека починатата жена првично била идентификувана како 51-годишната уметница Енделион Лисет Грин, која исчезна пред една недела.
Британската полиција, сепак, ја пронашла Грин жива и се покажа дека телото извлечено од езерото ѝ припаѓа на друга жена. Починатата жена сè уште не е идентификувана, а портпаролот на Скотланд Јард за „Дејли Меил“ изјавил дека истрагата е во тек.
Војводата и војвотката од Кембриџ не се огласија по овој повод.