Фолк пејачот Наум Петрески изреволтиран од власта на Фејсбук напиша дека повеќе нема да седи во карантин.
-Од денеска јавно им кажувам на властите дека повеќе не седам во карантин заради нивната очигледна неспособност да се справи со обичен грип кој ни го наметнуваат како опасен. Опасен да за луѓето со попречен имунитет, е на тие луѓе ставете ги во карантин а не за сите нас. Кој ли вас ве стави на власт????, напиша Петрески.