Една од најатрактивните манекенки и актерки, Емили Ратајковски, има 33 години, како и тело на кое многу од жените ѝ завидуваат. Таа важи за жена со најубавиот задник во Холивуд.
Имено, разголените фотографии на кои во прв план е нејзиниот задник ѝ донеле милиони и ја направиле популарна. Таа дури и после породувањето веднаш работела на својата линија на тело и ја довела до совршенство.
Меѓутоа, без оглед на прекрасното тело за кое сите зборуваат Емили немала среќа во љубовта. Имено, од сопругот Себастијан Бер Меклард со којшто добила и син, се развела по четири години брак. Во една прилика открила дека сродната душа ја бара преку апликации за запознавање, истакнувајќи дека тоа ја забавува.
Иако ја поврзувале со Бред Пит, Хери Стајлс и Пит Дејвидсон, Емили ги негирала гласините.
„Јас бев нападната кога имав 15 години. Се плашам од мажите. Приврзана сум кон моногамијата и не верувам во краткорочни врски“, истакнала таа.
Оваа храбра девојка отворено говорела колку ѝ било тешко да ја напушти брачната заедница.
„Навистина бев во депресија, ниту лековите не ми помогнаа. Во периодот кога го добив бебето имав само 45 килограми. Бев несреќна. Се вратив на себе и сум поуморна, но многу позадоволна“, изјавила Емили во поткастот „Going Mental“.
Интересно е и тоа што на нејзиното лице речиси никогаш не може да се забележи насмевката и дека секогаш таа изгледа тажно.
Додека многу од жените завидуваат на нејзиното тело, Емили всушност длабоко е несреќна.