“Од вчера над 20.000 граѓани изразиле желба за пријавување на сајтот за вакцинација. Денеска сите нив ќе ги внесеме во „Мој термин“ и податоците ќе се појават кај матичните доктори. Засега имаме информација само за вакцината која ќе пристигне од Кина “, изјави Жаклина Чагоровска од Националниот електронски систем – „Мој термин“ за емисијата „Студио 10“.
Околу проблемот со сајтот, таа вели дека кога отишол во продукција, големата заинтересираност од граѓаните придонела за паѓање на сајтот за пријавување.
„Процесот ни направи проблемит при добивањето на кодот од мобилните оператори и се соочивме со „тесно грло“ на примање на пријави во нашиот систем и одговор од страна на операторите“, вели Чагоровоска.