“Дали ТВ презентерката Бесмира Ејупи се квалификувала за конзул во затоа што прочитала неколку вести од рубриката „свет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната информација дека 28-годишната презентерка ќе биде генерален конзул на Северна Македонија во Њујорк.
Од опозициската партија реагираат и на именувањето конзул за Чикаго.
„СДСМ и ДУИ ја срамат Македонија на секој чекор. Именувањето на конзули во Њујорк и Чикаго е уште една потврда за тоа. Кога јавноста помисли дека од патлиџан дипломатија не може подолу, власта демантира, па на клучни позиции испраќа ТВ водителка и син на еден аналитичар, без никакво дипломатско искуство. Именувањето на Бесмира Ејупи за конзул во Њујорк и Петри Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу за конзул во Чикаго е скандалозно. Според кои критериуми овие лица добиле толку важни дипломатски позиции во САД?“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.