Некои и денеска со носталгија се сеќаваат на Југославија и сметаат дека тогаш се живееше многу посигурно и поубаво. Други пак сметаат дека Југославија била вештачка творба на неспоиви народи. Но, малкумина знаат дека дека ако се остварел планот на Тито, каква светска сила ќе била Југославија.
Историчарката Сабрина Рамет ланската година за медиумите изјави дека СФРЈ под Тито би ги вклучила и: Грција, Тракија, Албанија, Бугарија, еден дел од Корушка, како и целата територија на италијанската провинција Фурлани. Таа се повикува на изјавата на политичарот Светозар Прибчевиќ за Југославија.
Движењето “Звено“ во Бугарија уште 1934 година ја поддржало идејата за вклучување на Бугарија во Југославија, а за реализирање на истата имала подршка и од британската влада. По Втората светска војна Тито објави дека Југославија има право на Трст и цела Каринција, вклучувајќи и ја и Корушка.
Инаку, се појави интересна карта која предвидуваше како СФРЈ би изгледала ако се оствареа плановите на Тито во два случаја:
Прво, ако под Југославија би влегла Албанија и делови од Романија и Грција, вклучувајќи го и Солун. И според вториот случај, ако со Бледскиот договор меѓу Тито и Димитров, Бугарија би влегла во заедницата на југословенските земји.
Ако ова сценарио се случеше тогаш Југославија ќе се протегаше од Клагенфурт до Истанбул.