ОД БОЛЕСТ НА МУСКУЛИТЕ: Почина легендарниот Роб Ренсебринк

by Тони Зографски

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на холандскиот фудбал, Роб Ренсебринк, почина во 73-тата година од животот како последица од болест на мускулите од која боледуваше од 2012 година болест.

Роб Ренсебринк имаше две сребра од светските првенства во 1974 и 1978 години и бронза од Европското првенство во 1976 година.

Двапати беше избиран меѓу тројцата најдобри фудбалери на светот – во 1976 година ја освои „Сребрената топка“, а во 1978 година и „Бронзената топка“.

Играше за ДВС, Бриж, Андерлехт, Портланд Тимберс и за Тулуз.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com