Познатиот пар Том Хенкс и Рита Вилсон се враќале од романтична вечера во Њујорк кога се случил помал инцидент.
Имено, по нив тргнале обожаватели кои сакале да се фотографираат со нив, а Рита во еден момент се сопнала и за малку ќе паднела.
Иако не е јасно дали се сопнала поради туркањето на обожавателите или поради некоја друга причина, Хенкс се свртел и почнал да вика по насобраните луѓе.
„Одј**ете луѓе… Ја турнавте мојата сопруга“, извикал Хенкс.
https://twitter.com/i/status/1537428617319264256
Двојката е во брак 34 години и имаат два сина, Чет и Труман. Тие се запознале на снимањето на ситкомот на ABC Bosom Buddies во 1981 година. Отпрвин биле пријатели, а дури подоцна нивната врска станала љубовна.
Хенкс е среде промотивната кампања за биографскиот филм на Баз Лурман за Елвис Присли, во кој тој го игра менаџерот на пејачот. Неодамна ги загрижи обожавателите на австралиската премиера на филмот бидејќи рацете многу му се тресеа за време на неговиот настап на сцената.