Одмор во Турција, хотел, плажа, звучи идеално. На Бисера Томиќ од Србија ваквиот одмор се претвори во ноќна мора откако во градината на хотелот и паднала палма врз глава.
Таа не можела да ја напушти болницата без да ги плати трошоците за лекување во износ од 2.800 евра, иако осигурувањето го платила во туристичката агенција пред да замине на одмор.
– Во неделата седев во градината на хотел во Аланија, Турција, кога на главата ми падна палма, целото дрво. Дојде брза помош и ме однесоа во болница. Го предадовме пасошот и осигурувањето. И тогаш почна агонијата – изјави Бисера за b92 и додаде дека агенцијата сега се разубедува со зборовите „само продаваме“.
Таа откри дека никој од хотелот не контактирал со неа, ниту се извинил за несреќата.
– Сега сум добро, главата ми е сошиена, главата и вратот се во ред. Треба да ги тргнам конците кога ќе дојдам во Белград. И тоа не се ни конци, некако само е закачено. Мене ми е важно само да поминам без последици. И воопшто не ми е јасно како останав жива – изјавила Бисера, пренесува Курир.
Таа додаде дека еден ден по излегувањето од болница ја посетил агент од туристичката агенција, но само за да провери дали ќе ги тужи.