Моника Белучи зрачеше со одмерен сексапил на филмски настан во Рим.
На прикажувањето на филмот „Diabolik – Ginko all’attacco!“, во кој има споредна улога, 58-годишната Италијанка се појави во црн припиен фустан со проѕирни ракави од Долче и Габана.
Својот стилски избор, Белучи го надополни со црни чизми со црвен ѓон од Кристијан Лобутин.