Марина Туцаковиќ ќе биде погребана кога нејзиниот сопруг Фута ќе оздрави од корона. Таа почина на шеесет и седумгодишна возраст, а како што пренесоа српските медиуми, последните денови ги поминала во Клиничкиот болнички центар д-р Драгиша Мишовиќ. Таму била префрлена во вторникот кога и’ се слошило, по што била ставена на респиратор, а била позитивна на коронавирусот.
Последната желба на Марина била да ја погребаат покрај нејзиниот син Милош. Сепак, датумот на погребот е одложен за да може нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута да присуствува на нејзиното испраќање кон вечниот дом.
Тој е исто така заразен со коронавирусот и се наоѓа во самоизолација. Како што објави Pink.rs, погребот најверојатно ќе се одржи за една недела, односно кога Радуловиќ ќе се опорави од вирусот.