Руската вакцина „ Sputnik V“ е многу ефикасна против агресивниот бразилски вид на вирусот корона, објави рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).
Овој вид наречен Р1 се прошири низ цела Латинска Америка и е одговорен за ширењето на епидемијата во Бразил.
Научниците во Бразил утврдија дека мутациите во оваа варијанта можат да бидат отпорни на антитела, што предизвика меѓународна загриженост во врска со ефективноста на вакцините.
Сепак, студија спроведена во Аргентина откри силен имунолошки одговор против овој вид кај луѓето кои добиле „ Sputnik V“.
Според оваа студија, 85,5 проценти од лицата развиле антитела против овој вид на коронавирус, 14 дена по првата доза. Таа стапка достигна скоро 100 проценти по 42 дена, по две дози.