Бројот на заразени со корона вирус ширум светот е во пораст, а се поголем е и бројот на луѓе кои поради Ковид-19 завршуваат во болница.
Д-р Џон Вајт наведува кои се најчестите грешки и постапки на луѓето што предизвикуваат пандемијата да продолжува да се шири.
Одење на работа ако се чувствувате лошо
Немојте да бидете во близина на други луѓе ако не се чувствувате добро. Може да сте заразени, дури и пред да добиете позитивен тест, затоа слушајте си го телото.
Ако не се чувствувате добро, останете дома.
Неправилно носење на маските
Многумина маските ги ставаат само преку устата, а не го покриваат носот. Така капките може да се шират и маската не е ефикасна превенција во тој случај.
Одење на поголеми собири, особено во затворен простор
Одењето на големи настани на кои има 50 или повеќе луѓе, без дистанца и маска е опасна игра, истакнува д-р Вајт.
Консумирање храна од шведска маса
Рестораните кои вака ја послужуваат храната сега не се идеална опција. Околу шведската маса може да се создаваат гужви и капкички, кои може да бидат заразни и лесно доаѓаат до храната на масата.
Да се мисли дека лекот е тука, зад аголот
Иако се напредува на ова поле од почетокот на пандемијата, сепак не треба да се надеваме на наоѓање брзо и скоро решение за болеста, вели д-р Вајт.