Во интeрвју за блиц.рс Тијана Дапчевиќ вели дека улогата на Ула во “Преспав“ ја исполнува, но и дека со музика одамна не се занимава. Особено сега, во време на пандемијата.
„Од пеење не живеам веќе извесно време. Се досадувам. Ситуацијата е таква каква што е“, вели Тијана и додава дека снимањето на петтата сезона од популарната серија во Македонија е отежната и дека како и сите колеги и таа ги почитува пропишаните мерки.
„Сите носиме маски, сите сме уплашени. Психозата е во ненормални количини. Страшно е, но се почитуваат сите мерки за заштита . Се тестирав и фала му на господ, веднаш добивме негативни резултати. Продукцијата не замоли да биде сериозни. Од студио, директно се враќав дома и тоа е тоа. Не посетував други места. Сè беше снимено без проблеми. Кога завршив, одма се вратив во Белград и сега некое време ќе останам во Србија“, вели Тијана.
Пејачката откри дека на почетокот на снимањето имала голема трема, но дека со љубовта кон глумата, истата ја совладала.
„ На почетокот сите имавме трема, затоа што никои од тие глумци до тогаш немаше допир со стиком. Сепак се снимаше една епизода дневно. Беше ужасно макотрпно, но и радосно, затоа што го работевме тоа што го сакавме. Јас не одам на работа за да работам, туку за да ужувам. Навистина така се чувствувам, затоа што ја сакам мојата работа. Има и некои тешки денови, но сè е минливо. Поентата е само луѓето да го сакаат она што го работат“, вели Дапчевиќ.