Бившиот фудбалски репрезентативец на Бих, попознат како љубовник на Јелена Карлеуша, Огњен Вранеш ептен “колата му тргна надоле“. Откако се искара со Карлеуша, го избркаа од неговиот клуб Андарлехт, па го уапсија на аеродромот во Белгија, а сега го остави и жена му Даниела.
По секс скандалот со Карлеуша, таа за “Ало“ откри низ што минувала, дека се разведува и дек за неа тој е мртов.
“ Баш ми е гајле дали Огњен го уапсиле или не. Тој е мртов е за мене. Немам никакви контакти со него и ќе ве молам немојте повеќе да ме поврзувате со него. Тој е мое минато за кое не сакам да зборувам. Сеуште службено не сме разведени, но наскоро ќе бидеме. Секое прашање во врска со него ме вознемирува“, – изјавила Даниела која со Огњен има ќеркичка.