Шокантни вести доаѓаат од САД, каде шефот на познатата организација „WWE“, Американско борење, е обвинет за сексуално вознемирување, откако бил пријавен од страна на поранешна вработена во оваа организација, барајќи од неа да учествува во тројка.
Имено, Џанел Грант, која веќе добила 3.000.000 долари во замена за потпишување на договор за молчење во текот на 2022-ра година, одлучила да поднесе нова тужба против МекМахон, директор на „WWE“, но и извршен директор на оваа компанија.
Како што тврди „Daily Mail“, МекМахон ја исплатил само првата рата од 1.000.000 долари, за потоа да не плати, што Џанел го видела како прекршување на нивниот договор.
Исто така, Грант тврди дека имала модринки и крвавење, откако МекМахон насилно ја пенетрирал со сексуални играчки, кои ги нарекувал по своите борачи.
Таа исто така рекла и дека сакала да ја заврши врската со него, но дека тој не и го дозволувал тоа.