Сеф со пари е украден од домот на Фатмир Битиќи, експретседател на СДСМ и пратеник. За ова објавија од Министерството за внатрешни работи. Пријавата кај нив стигнала вчера претпладне.
Според тоа што пријавил Битиќи, кражбата била извршена во периодот од 18 до 21 април. Во објектот било влезено со употреба на алат и сила, а украдени биле и други предмети.
Од МВР известија дека работат на расчистување на случајот.
Битиќи за ORA24.TV потврдил дека имало кражба во неговиот дом.
-Да… Не би зборувал за детали, одговори Битиќи за ORA24.TV.